Достапни линкови

Расмунсен најави преглед на црногорската аспирација за НАТО


Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмунсен го отвори состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата со изјава за руската "двосмислена" војна во Украина, и отворената врата за земјите аспиранти за членство во НАТО.

Расмусен изјави дека Москва користи нови видови „војување" против Украина и ,според него, нема знаци дека Русија ги почитува своите меѓународни обврски.

Тој, исто така, најави "интензивни" преговори со Црна Гора за да се оцени дали до крајот на 2015 година Подгорица ке биде поканета да му се придружи на НАТО.

Расмунсен изјави дека НАТО ќе подготви сериозна програма за Грузија со која ќе и помогне да им се приближи на стандардите на Алијансата. На денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО учествува и американскиот државен секретар Џон Кери.

XS
SM
MD
LG