Достапни линкови

logo-print

Кери на разговори во Брисел за војната во Ирак


Американскиот државен секретар Џон Кери е во Брисел за да присуствува на разговорите на НАТО околу ирачката криза. Кратко време по неговото пристигнување, синоќа Кери се сретна со шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон. Тој претходно беше во Ирак, каде се сретна со официјални претставници во северниот автономен курдски регион, а во Багдад имаше разговори со шиитскиот премиер Нури ал-Малики. Тој му кажал на курдскиот претседател Масуд Барзани дека Ирак треба да остане обединет.Обединетите нации во меѓувреме објавија дека најмалку 1.075 луѓе, од кои повеќето цивили, се убиени во борбите во Ирак во текот на јуни.

XS
SM
MD
LG