Достапни линкови

Напад врз авион на аеродромот во Пешавар,еден загинат.


Пакистанската полиција соопшти дека вооружени лица отвориле оган врз авионот на Пакистан Интернејшанал Еарлајнс во моментот кога слетал во северниот град Пешавар, при што загинало едно лице а две се повредени. Авионот летал на релација од Саудиска Арабија носејќи 178 патници.Полицијата и безбедносните сили го опколиле аеродромот и биле во потрага во околните области. Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот. До ова доаѓа по нападот на Талибанците врз аеродромот во јужниот пакистански град Карачи претходно овој месец.

XS
SM
MD
LG