Достапни линкови

Номиниран новиот американски командант во Авганистан


Пентагон соопшти дека американскиот претседател Барак Обама го номинирал генерал Џон Кембел за нов командант на американските и меѓународните сили во Авганистан. Кембел, кој во моментов е заменик-началник на Генералштабот на Армијата , ќе го замени генерал Џозеф Дунфорд кој претходно овој месец беше номиниран да го води Маринскиот корпус како командант. Кембел служеше во Авганистан, како командант на 101. воздушно-десантна дивизија во источниот дел на земјата во 2010 и 2011 година.

XS
SM
MD
LG