Достапни линкови

Сепаратистите собориле хеликоптер на украинската војска


Украински официјални лица соопштија дека проруските сепаратисти собориле армиски хеликоптер во близина на градот Словјанск во источниот дел на земјата. Портпаролот на безбедносните сили, Владислав Селезниов на Фејбук објави дека девет луѓе се превезувале во хеликоптерот МИ-8 и дека сите загинале при нападот. Инцидентот се случува еден ден откако сепаратистите најавија привремен прекин на огнот до 27 јуни. Се уште не се знае бројката на загинати.

XS
SM
MD
LG