Достапни линкови

Ослободени 25 обвинети за заговор за воен удар на Турција


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот суд денеска ослободи 25 обвинети во процесот за операцијата „Чекан“ со која е спречен заговорот за воен удар. Тие се дел од обвинетите 88 лица за кои Уставниот суд во октомври 2013 година се изјасни за повторување на процесот против нив. Претходно беа осудени 326 воени лица за „обид за дестабилизација“ на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган со организирање на серија напади.

Според обвинението, заговорот бил подготвуван во 2003 година од воени офицери, кои биле незадоволни од тоа што Партијата на правдата и развојот во 2002 година ја освои власта. Уставниот суд минатата недела објави дека биле прекршени правата на 236 армиски официри, кои беа осудени за „Чекан“.

XS
SM
MD
LG