Достапни линкови

logo-print

Британија-Поранешен уредник на таблоид осуден за прислушкување


Енди Коулсон

Енди Коулсон

Лондонскиот суд го осуди поранешниот уредник на "News of the World", Енди Коулсон за телефонско прислушкување, а неговата колешка Ребека Брукс беше ослободена од обвиненијата. Тројца други обвинети во случајот, меѓу кои сопругот на Брукс исто така беа ослободени. Коулсон и Брукс беа обвинети за прислушкување на телефоните на познати личности, политичари и ѕвезди помеѓу 200 и 2006 година.

Таблоидот поради скандалот беше затворен од страна на сопственикот Руперт Мердок и беше спроведена криминална истрага при која беа уапсени дузина новинари и официјални лица. Британскиот премиер Дејвид Камерон по осудата на Коулсон се извини што го вработил да му биде шеф за односи со медиумите, функција која ја извршуваше од 2007 до 2011 година.

XS
SM
MD
LG