Достапни линкови

Уапсени двајца милитанти во Таџикистан


Таџикистанските власти соопштија дека уапсиле две лица, кои се осомничени дека биле членови на пакистанските талибанци. Тие биле уапсени за време на полициска операција. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осомничените и се придружиле на милитантната група откако наводно биле подложени на специјална религиска обука во Пакистан. Според министерството, тие признале дека се бореле против силите на НАТО во Авганистан заедно со талибанците.

XS
SM
MD
LG