Достапни линкови

Филе со честитки до Албанија за кандидатскиот статус


Eврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Eврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска одлучија на Албанија да и се додели кандидатски статус за членство, објави на Твитер еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој и честиташе на Албанија пред одлуката да биде официјално објавена. Филе го опиша потегот како признание за реформските напори и охрабрување за нивно натамошно спроведување.

За голем напредок на Албанија се сметаат владините напори за усогласување на законодавството, анти-имиграциската политика и борбата против нарко мафијата.

XS
SM
MD
LG