Достапни линкови

logo-print

Албанија и формално кандидат за членство во ЕУ


Албанија денеска формално треба да добие кандидатски статус за членство во ЕУ на состанокот на шефовите на дипломатии на државите од Унијата кој ќе се одржи во Луксембург.Министрите треба да ја потврдат веќе утврдената согласност на состанокот на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, со кој се прифаќа предлогот на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Албанија. За голем напредок се сметаа владините напори за усогласување на законодавството, анти-имиграциската политика и борбата против нарко мафијата.

XS
SM
MD
LG