Достапни линкови

Бомба во шиитски кварт во Бејрут


Либанските власти соопштија дека едно лице загина, а околу 20 други се ранети во самоубиствен бомбашки напад во текот на ноќта во близина на армиски пункт.

Експлозијата се случи во шиитски кварт на јужниот дел на Бејрут населен со симпатизерите на шиитска група Амал, сојузник на милитантното движење Хезболах. Повеќето од повредените во кафуле гледале натпревар на Светското првенство во фудбал.

XS
SM
MD
LG