Достапни линкови

НАТО - преглед на напредокот на земјите аспиранти


Министрите за надворешни работи на НАТО денеска треба да направат преглед на напредокот на аспирантите за членство: Босна и Херцеговина, Грузија, Црна Гора и Македонија пред самитот на Алијанста во септември. Главни теми се инаку Ирак и Украина.

Министрите ќе разговараат за кризата во Ирак, откако американскиот државен секретар Џон Кери вети „интензивна“ поддршка на Багдад. Исто така се планира да се воспостави фонд за поддршка на одбранбениот капацитет на Украина.

Според официјални извори, не се очекува промена во одлуката од април за суспензија на целата практичнжа соработката меѓу НАТО и Русија поради руската улога во кризата во Украина. Министрите, исто така, ќе разговараат и за ситуацијата во Авганистан.

XS
SM
MD
LG