Достапни линкови

ЕУ со донаторска конференција за поплавените Србија и Босна


ЕУ на 16 јули ќе организира донаторска конференција за да се соберат средства за балканските земји кои настрадаа од поплавите минатиот месец, соопшти Европската комисија.

„Членките на ЕУ се подготвени да ги употребат сите можни начини за укажување помош на граѓаните на Србија и на БиХ, кои беа погодени од воденета стихија“, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

ЕК на конференцијата ќе покани повеќе земји, меѓународни финансиски институции и граѓански организации за да се обезбеди потребната финансиска помош за двете држави.

Србија и Босна беа зафатени од катастрофални поплави по поројните дождови кон крајот на минатиот месец, во кои беа загрозени околу три милиони луѓе. Штетите причинети од елементарната непогода врз имотот, инфраструктурата и економијата, изнесуваат околу една милијарда евра.
XS
SM
MD
LG