Достапни линкови

Осуда за затворањето на новинарите на Ал Џазеира во Египет


Тројца новинари на Ал Џезаира се осудени на по седум години затвор од страна на судот во Каиро, поради „искривување“ на вестите и соработка со забранетото Муслиманско братство. Новинарите Питер Грист и Мухамед Фадел Фами, како и продуцентот Бахед Мухамед, беа меѓу дваесетте обвинети во судскиот процес кој предизвика меѓународна осуда поради стравувања од растечките медиумски ограничувања во Египет. И пресудата наиде на меѓународна осуда.

Од бирото на Ал Џезаира во Катар пресудата ја оценија како „неправедна“. Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека се уплашени и збунети од одлуката на судот во Египет. Според Белата куќа, пресудите се косат со основните принципи на човековите права и демократското владеење. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека е „шокиран“.
XS
SM
MD
LG