Достапни линкови

Состанок на НАТО за кризата во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска во Брисел се состануваат за да разговараат за кризата во Ирак, откако американскиот државен секретар Џон Кери вети „интензивна“ поддршка во Багдад. Се очекува и Кери да присуствува на дводневниот состанок. На состанокот, исто така, ќе се разговара и за Украина.

Кери вчера беше во ненадејна посета на Ирак, на состанок со ирачкиот премиер Нури ал-Малики и со други ирачки лидери. Тој вети силна американска поддршка, но додаде дека и ирачките лидери мора да ги преземат сите неопходни чекори за да останат обединети против милитантите.

Во меѓувреме, милитантите предводени од организацијата Исламска држава Ирак и Левант го зазедоа стратешкиот град Тал Афар во северниот дел на земјата, каде живеат мнозинство шиити. Безбедносните сили ја повратија контролата на граничниот премин Валед Ал со Сирија, откако милитантите се повлекоа.
XS
SM
MD
LG