Достапни линкови

logo-print

Обама се заканил со нови санкции против Русија поради Украина


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Американскиот претседател Барак Обама го повика неговиот руски колега Владимир Путин да го поддржи мирот во Украина и рече дека Москва ќе се соочи до дополнителни „трошоци“ ако не преземе чекори за намалување на тензиите во земјата. Белата куќа соопшти дека Обама ова му го кажал на Путин во вчерашниот телефонски разговор во кој го повикал да го спречи „дотокот на оружје и материјали преку границата“ и да ја прекине поддршката за „милитантите и сепаратистите“. Обама додал дека Русија ќе се соочи со дополнителни санкции ако Вашингтон не види „конкретни активности за намалување на тензиите“.

Путин, пак, ја нагласил важноста од директни разговори меѓу украинските власти и проруските сепаратисти во источка Украина.

Едностраниот прекин на огнот што го прогласи украинскиот претседател Петро Порошенко минатата недела вчера беше прифатен од некои од лидерите на проруските сепаратисти.
XS
SM
MD
LG