Достапни линкови

logo-print

Објавен тајниот меморандум за убивање терористи во САД


Анвар ал-Авлаки.

Анвар ал-Авлаки.

Тајниот меморандум со кој американската влада ја оправдува употребата на беспилотни летала за убиство на американски државјани во странство, кои се осомничени за тероризам вчера беше објавен во јавноста по судска наредба. Во редактираниот меморандум се наведува дека во одредени околности властите може да употребат смртоносна сила против американски државјанин во странство, кој е дел од силите на непријателска организација. Меморандумот од 2010 година беше објавен по неколкугодишна правна битка што ја водеа весникот Њујорк Тајмс и Американската унија за граѓански слободи.

Во меморандумот конкретно се обезбедува правно покритие на убиството на Анвар ал-Авлаки во Јемен во септември 2011 година. Авлаки беше муслимански свештеник роден во САД кој одржуваше врски со повеќемина осомничени за тероризам. Друг американски државјанин кој беше убиен е Самир Хан, кој го уредуваше интернет магазинот на Ал Каеда. Во напад од октомври 2011 беше убиен и синот-тинејџер на ал-Авлаки, кој исто така беше американски државјанин. Во меморандумот се наведува дека ал-Авлаки бил вклучен во напади против САД и оти планирал други напади.
XS
SM
MD
LG