Достапни линкови

Дачиќ со критика до Албанија за поплавите


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска упати критики кон Албанија, бидејќи земјата била некоректна спрема Србија за време на неодамнешните поплави. Дачиќ порача дека солидарноста која ја покажале земјите од ЕУ претставува голем напредок, но за жал Албанија не е една од нив.
Тој нагласи дека Албанија со тоа не придонесува за подобрување на односите со Србија. Според него, Србија не добила ни телеграма со сочувство, а камо ли помош, оценувајќи дека тоа е лош политички потег од страна на Албанија.
XS
SM
MD
LG