Достапни линкови

Судан-Слобода за Ибрахим осудена за промена на вера


Суданката со христијанска вероисповест Маријам Сахиа Ибрахим која беше осудена на смртна казна поради тоа што ја смени својата религија ќе биде ослободена. Случајот на Ибрахим, која е мажена за Американец предизвика осуда од меѓународната заедница и организацииите за човекови права.
Британскиот премиер Дејвид Камерун порача дека пресудата е варварска. Суданската агенција СУНА, јави дека судот наредил ослободување на Ибрахим и поништување на претходната одлука. Нејзинот адвокат Моханад Мустава изјави дека таа веќе се наоѓа на слобода.
XS
SM
MD
LG