Достапни линкови

Кери се заложи за интензивна и одржлива помош за Ирак


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека поддршката за ирачките безбедносни сили ќе биде интензивна и одржлива за да можат поефективно да им се спротистават на исламските милитанти. Кери по средбата со ирачкиот премиер Нури ал Малики во Багдад вети и воени советници, но порача дека американските војници нема да се вклучат во борбата против милитантите од Исламистичката држава на Ирак и Левант.
Кери и Малики ја потврдиле посветеноста за формирање на нова влада до 1 јули. Според Кери, ирачките власти сега се соочуваат со момент на одлука и мора да останат обединети во борбата против милитантите, кои заземаа територии на северниот и западниот дел на земјата.
XS
SM
MD
LG