Достапни линкови

Турција-Курдските бунтовници киднапирале 7 лица


Припадници на Курдската работничка партија

Припадници на Курдската работничка партија

Седум турски државјани биле киднапирани од страна на бунтовници од Курдската работничка партија во округот Шернак во југоисточниот дел на земјата. Петмина од нив се членови на едно семејство. Роднини на киднапираните ги информирале за инцидентот безбедносните сили, кои преземале операција за нивно спасување.
Турските власти од крајот на 2012 година водат преговори со лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан со цел мирно решавање на конфликтот. Партијата се бори за автономија на регионот на Југоисточна Турција, кој е населен главно со Курди.
XS
SM
MD
LG