Достапни линкови

ЕУ-Русија да го поддржи мировниот план за Украина


Министрите за надворешни работи на ЕУ ја повикаа Русија да го поддржи мировниот план за Украина и да прекине со испраќањето илегални борци, оружје и опрема во земјата. Според соопштението по средбата во Луксембург, Русија треба да го искористи своето влијание да ги натера проруските сепаратисти да прекинат со насилството и да го положат нивното оружје.
Во него е наведено и дека Русија треба да прекине со распоредување на војска во близина на границата со Украина, како и да помогне во ослободувањето на набљудувачите на ОБСЕ и другите заложници кои беа киднапирани од сепаратистите. Министрите се заканија со спроведување нови санкции доколку Русија не го поддржи мировниот план предложен од украинскиот претседател Петро Порошенко.
XS
SM
MD
LG