Достапни линкови

Покрај во населбите Венец 1 и Венец 2, сега петкатници никнуваат и во други делови на Дебар.

Последните години Дебар, градот познат по својата стара градска архитектура, постепено го менува ликот во однос на градбите. Видно е зголемена изградбата на колективни станбени згради, така што и овој град расте вертикално. Покрај во населбите Венец 1 и Венец 2, сега петкатници никнуваат и во други делови на Дебар.
Последните десетина години има голем замав изградбата на станбено-деловни објекти, во кои има колективно домување. Изградени се 45 колективни станбени објекти во кои живеат меѓу 3 и 4 илјади жители.

„Последните десетина години има голем замав изградбата на станбено-деловни објекти, во кои има колективно домување. Изградени се 45 колективни станбени објекти во кои живеат меѓу 3 и 4 илјади жители. Изградбата на овие високи станбени колективни објекти има во некои делови на градот и влијание врз пониските градби, бидејќи во некои случаи се намалува видикот, но ние се обидуваме сето тоа да помине без проблеми. Во урбанистичките решенија правиме напори сè помалку проблеми да се јавуваат во оваа насока“, истакнува раководителот на Секторот за урбанизам при Општина Дебар, Петрит Пачуку.

Според него, во споредба со минатото, видно е опаднат интересот за изградба на индивидуални станбени објекти, а во пораст е интересот за изградба на деловни објекти и колективни станбени објекти. Локалната власт ги поддржува инвеститорите и им овозможува брза реализација на потребните документи.
Моментално на територијата на општината Дебар има барања за изградба на колективни станбени објекти.

„Во однос на изградбите, плановите на нашиот сектор при локалната власт се поврзани со барањата на инвеститорите. Моментално на територијата на општината Дебар има барања за изградба на колективни станбени објекти. Има случаи кога објектите се градат на локации каде имало стара градба, но има и такви кои се градат на нови парцели. Што се однесува, пак, до интересот за изградба на индивидуални станбени објекти, тие барања се најбројни во стариот град и тоа за санација или реконструкција на куќите. Ние ги имаме преземено сите мерки за заштита на старата градска архитектура каде тоа е можно“, вели Пачуку.

По катастрофалниот земјотрес во Дебар во 1967 година имаше масовна градба на индивидуални објекти за живеење и притоа беа зафатени и големи површини на обработливо земјоделско земјиште. Сега со изградбата на колективни станбени објекти локалните власти во Дебар веруваат дека се заштитува и обработливото земјиште.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG