Достапни линкови

Оставка на шефот на изборна комисија во Авганистан


Шефот на авганистанската изборна комисија Зиа ул Хак Амархаил

Шефот на авганистанската изборна комисија Зиа ул Хак Амархаил

Шефот на авганистанската изборна комисија Зиа ул Хак Амархаил поднесе оставка од функцијата, поради обвинувањата дека ги лажирал резултатите од гласањето во корист на претседателскиот кандидат Ашраф Џани. Тој порача дека се повлекува во интерес на земјата, а не поради притисокот. Тој негираше дека учествувал во нерегуларностите во вториот круг од изборите по обвинувањата од страна на другиот кандидат Абдула Абдулах.
Неговиот коментар се однесува на аудио снимката во која тој наводно разговара како да ги намести изборите во полза на кандидатот Ашраф Џани. Амархаил порача дека тој никогаш не би разговарал на тој начин. Тимот на другиот кандидат Абдула Абдулах вчера ја објави снимката.
XS
SM
MD
LG