Достапни линкови

Започнаа уписите во средните училишта


Во јавните средни училишта во Македонија денеска и утре е првото пријавување и запишување ученици во прва година во учебната 2014/2015 година. Слободни се 35.195, според конкурсот кој министерството за образование и наука го објави на крајот на март. Резултатите од пријавувањето ќе бидат објавени на 25 јуни. Во јунскиот рок ќе има и второ пријавување на 30 јуни и 1 јули, а пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок ќе се врши на 21 август.
XS
SM
MD
LG