Достапни линкови

ЕУ е за мир во Украина


Украина е главна тема на денешниот состанок на министрите за надворешни работи од ЕУ во Луксембург. Министрите ќе разговараат и за се подраматичната ситуација во Ирак и за претседателските избори во Авганистан.

Нашата позиција е јасна. Ние сме за мир и мировен процес и го подржуваме планот на украинскиот претседател Порошенко, изјави словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, пред министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург.
Фактот дека Претседателот Порошенко објави прекин на огнот е важен дел од финалниот договор. Без тоа, не може да се постигне ништо. Секако, Русија ги поддржува овие напори.
Владимир Путин, претседател на Русија.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин даде поддршка на едностраниот прекин на огнот прогласен од украинскиот претседател Петро Порошенко, додавајќи дека кој било прекин на непријателствата е бесмислен без „дијалог“.

„Фактот дека Претседателот Порошенко објави прекин на огнот е важен дел од финалниот договор. Без тоа, не може да се постигне ништо. Секако, Русија ги поддржува овие напори“, рече Путин.

За неколку дена во Брисел да биде потпишана историската спогодба за асоцијација со Киев. Предвидено е спогодбата, која во ноември минатата години ја предизвика кризата, да биде потпишана на 27 јуни во Брисел.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат и за состојбата во Ирак, каде што милитантите од Исламската држава Ирак и Левант ја презедоа контролата врз големи делови од западниот дел на земјата. На денешната средба ќе присуствува и специјалниот пратеник на ОН за Ирак, Николај Младенов.

Европски претставници велат дека министрите исто така ќе разговараат за ситуацијата во Авганистан, каде што сè уште не се соопштуваат резултатите од претседателските избори поради обвинувањата за изборна измама.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG