Достапни линкови

Белгија оди понатаму, Португалија со САД нерешено


Белгија синоќа ја совлада Русија со 1-0 во второто коло во групата Х на светското фудбалско првенство во Бразил и си обезбеди учество во втората фаза од натпреварувањето. Голот за победа на Белгија го постигна Дивок Ориџи на две минути пред крајот на натпреварот. Во вториот натпревар од групата Х, Алжир со 4-2 ја победи Јужна Кореја. Португалија, пак, ноќеска одигра нерешено 2-2 со САД во вториот натпревар од групата Г. Двете репрезентации се со шанси да изборат пласман во осминафиналето.
XS
SM
MD
LG