Достапни линкови

Јужна Кореја се справи со војникот кој уби петмина свои колеги


Властите во Јужна Кореја успеаја да го затворан регрутот кој уби пет колеги во престрелка на границата со Северна Кореја. Околу 4.000 војници поддржани од единици на специјалните сили и армиски хеликоптери една ноќ беа во потрага по 23-годишниот водник, кој се криеше во пошумено подрачје, јужно од границата. Портпаролот на министерството за одбрана рече дека таткото на регрутот го повикал својот син да се предаде.

Мотивот за вчерашното пукање не е познат, но армиски извори, велат дека војникот имал тешкотии да се адаптира во војската.
XS
SM
MD
LG