Достапни линкови

Невремето во Кина однесе 26 жртви


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 26 лица загинаа, а три се водат за исчезнати, откако пред пет дена јужна Кина ја зафати невреме. Невремето предизвика и директни економски загуби од 650 милиони долари.

Според Министерството за цивилни прашања на земјата, вкупно 337 илјади лица се евакуирани, а 115 илјади имаат итна потреба од хуманитарна помош. Невремето погоди девет провинции и предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што се уништени повеќе од 8.700 куќи, 66 илјади куќи се оштетени, а 42 илјади хектари посеви се неупотребливи.
XS
SM
MD
LG