Достапни линкови

ЕУ денеска ќе разговара за кризата во Украина


Кризата во Украина ќе биде главна тема на денешниот состанок на министрите за надворешни работи од ЕУ во Луксембург, неколку дена пред Брисел да ја потпише историската спогодба за асоцијација со Киев. Предвидено е спогодбата, која во ноември минатата години ја предизвика кризата, да биде потпишана на 27 јуни во Брисел. Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин ќе присуствува на денешниот состанок во Луксембург со кој ќе претседава шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Министрите ќе разговараат и за состојбата во Ирак, каде што милитантите од Исламската држава Ирак и Левант ја презедоа контролата врз големи делови од западниот дел на земјата. На денешната средба ќе присуствува и специјалниот пратеник на ОН за Ирак, Николај Младенов.

Европски претставници велат дека министрите исто така ќе разговараат за ситуацијата во Авганистан, каде што сè уште не се соопштуваат резултатите од претседателските избори поради обвинувањата за изборна измама.
XS
SM
MD
LG