Достапни линкови

МВР - Нема дискриминација во случајот со актерката Куртишова


Нема дискриминација во случајот со актерката Емра Куртишова, тврди министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во изјава за телевизија Телма. Јанкулоска вели дека граничните служби на скопскиот аеродром не и дозволиле на Куртишова да отпатува за Германија, бидејќи таа не ги исполнувала во целост условите предвидени во шенгенскиот код. МВР уште еднаш ќе го разгледа случајот, вели министерката, додавајќи дека дека МВР не само што не прави дискриминација по ниту една основа, туку напротив ги штити граѓаните кога се жртви на дискриминација.

На младата актерка пред некој ден властите не и дозволија да отпатува кај сестра и во Германија, иако ги имала сите потребни документи.
XS
SM
MD
LG