Достапни линкови

Израел врши напади врз воени цели во Сирија


Израелски војник на Голанската Висорамнина.

Израелски војник на Голанската Висорамнина.

Израелската армија соопшти дека спроведува воздушни напади врз неколку воени цели во Сирија, вклучувајќи го и воениот штаб, во знак на одмазда за прекугранични напади во кои загина израелски тинејџер.

Во денешното соопштение, војската соопшти дека биле погодени девет цели. Сириските сили вчера нападнаа цивилно возило во израелскиот дел од Голанската Висорамнина, при што загина 14-годишно момче.

Питер Лернер, портпарол на армијата, рече дека Израел „нема да толерира каков било обид да се прекрши суверенитетот на Израел и дека ќе дејствуваат за да ги заштитат израелските граѓани."
XS
SM
MD
LG