Достапни линкови

САД го тестира Системот за противракетна одбрана


Илустрација.

Илустрација.

Американската армија соопшти дека успешно пресретнала ракета над Тихиот Океан во тест на Системот за противракетна одбрана. Пресретнувачката ракета испукана од Воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија по само неколку минути ја уништи балистичката ракета со среден домет што беше испукана од Атолот Кваџалејн на Маршалските Острови во Тихиот Океан. Американската агенција за противракетна одбрана соопшти дека сите делови на системот работат како што треба. Ова е 65-то успешно пресретнување на ракета од 2001 година на Балистичкиот систем за противракетна одбрана во САД.
XS
SM
MD
LG