Достапни линкови

Абдула обвинува за изборен фалсификат во Авганистан


Kандидатот за претседател на Авганистан Абдула Абдула.

Kандидатот за претседател на Авганистан Абдула Абдула.

Тимот кој ја водеше кампањата на кандидатот за претседател на Авганистан Абдула Абдула објави аудио снимки, кои наводно содржат докази за измама од страна на високи претставници на Независната изборна комисија на земјата.

Абдула ги обвини членовите на изборните органи дека се обидуваат да ги монтираат резултатите од вториот круг од изборите на кои се гласаше за Абдула и за Ашраф Гани, поранешен министер за финансии.

Абдула изјави дека нема да признае резултати објавени од страна на изборната комисија и ги повика Обединетите нации да го надгледуваат пребројувањето на гласовите.

На објавената снимка наводно е разговорот меѓу секретарот на изборната комисија, членови на одборите и член на тимот на Гани, при што сектератот на комисијата го смирува соработникот на Гани, дека персоналот ќе го фаворизира токму неговиот избор.
XS
SM
MD
LG