Достапни линкови

Еколозите бараат Јабланица да се прогласи за Национален парк


Планината Јабланица.
Планината Јабланица.

Државата конечно да ја прогласи Јабланица за Национален парк, бараат еколозите и жителите од населените места кои гравитираат кон планината.

Планината Јабланица државата конечно да ја прогласи за Национален парк, бараат екологистите и жителите од населените места кои гравитираат кон планината. Македонското еколошко друштво(МЕД) и општините Струга и Вевчани уште во 2009 година до надлежните државни институции поднеле иницијатива, но досега нема позитивен одговор, иако од 2008 година албанскиот дел од планината познат како Шевеник е прогласен за Национален парк.
Со прогласувањето на нов национален парк сметаме дека понудата за еколошки туризам и за локален развој ќе се зголеми, а со тоа и локалното население ќе има бенефит.
Ѓорѓе Иванов, Македонско еколошко друштво.

Ѓорѓе Иванов од МЕД вели дека Јабланица го заслужува овој статус пред сè поради нејзините природни и еколошки вредности.
Струга.
Струга.

„Со прогласувањето на нов национален парк сметаме дека понудата за еколошки туризам и за локален развој ќе се зголеми, а со тоа и локалното население ќе има бенефит. Затоа треба заедно да се работи на заштита на ова непроценливо богатство. Во моментот туристичкиот потенцијал на Јабланица е искористен многу малку и тоа само во некои села како што е Вевчани“, вели Иванов.

Тој посочува дека биолошката разновидност на планината Јабланица е слична со биолошката разновидност на цела Северна Европа.
Доколку во Македонија успееме да го прогласиме за Национален парк, тогаш ќе имаме еден целосен еко-систем, а растителните и животинските видови во овој регион ќе бидат заштитени.
Фросина Пандурска Драмиќанин, раководител на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шевеник“.


Од МЕД велат дека и по прогласувањето на Јабланица за Национален парк тие ќе дадат свој придонес во изработката на рационален план за управување на целиот тој регион.

Фросина Пандурска Драмиќанин е раководител на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шевеник“. Според неа, целта на проектот е да се подигне свеста на локалното население како да ги искористи ресурсите со кои располага планината.

„Една многу важна цел во овој проект е прогласувањето на Јабланица како идно заштитено прекугранично подрачје, односно Национален парк. Доколку во Македонија успееме да го прогласиме за Национален парк, тогаш ќе имаме еден целосен еко-систем, а растителните и животинските видови во овој регион ќе бидат заштитени“, вели таа.

Јабланица важи за многу значаен био-коридор за крупните ѕверови во Македонија, особено за загрозениот вид рисот, кој преку ова подрачје преминува во Албанија.

„Преку методот на фото замки веќе е утврдено присуство на рис на Јабланица и тоа е уште една работа поради која ја одбравме Јабланица во рамките на овој проект и да се прогласи за Национален парк“, рече Пандурска Драмиќанин.

Во рамките на овој проект се вклучени пет општини, Струга и Вевчани од Македонија и три општини во Албанија. Ќе има размена на искуства помеѓу институции од двете држави, како и помеѓу студенти. На крајот од проектот ќе се организира и прекуграничен саем со цел презентација на она што е најдобро, а што потекнува од двата региони.
XS
SM
MD
LG