Достапни линкови

Текстилците тешко до сопствен бренд


Текстилците тешко се одлучуваат да инвестираат во производство на свој бренд, што од друга страна ќе значи и долгорочна стабилност на фирмите.

Прилепските текстилни фирми генерално работат стабилно, немаат повеќе кризни периоди, иако последниве неколку месеци трикотажните фирми се соочуваат со намален обем на работа. Имајќи ја предвид конкуренцијата од странски инвеститори и условите во кои работат фирмите, не се очекуваат поголеми турбуленции.
Тоа се огромни инвестиции, до набавка на материјали, дизајни, комплет до самата продажба, до изнаоѓање пазар, тоа е огромна работа, што уште на стартот ги дестимулира работодавците.
Благоја Конески, сопственик на конфекција.


Како што информираат од Секцијата за текстил при Регионалната стопанска комора, во оваа најниско акумулативна и најниско профитабилна гранки се уште масовно се работи лон систем за странски партнери. Работодавците тешко се одлучуваат на поголем чекор, инвестирање во производство на свој бренд, што од друга страна ќе значи и долгорочна стабилност на фирмите.
Благоја Конески.
Благоја Конески.

„Тоа се огромни инвестиции, до набавка на материјали, дизајни, комплет до самата продажба, до изнаоѓање пазар, тоа е огромна работа, што уште на стартот ги дестимулира работодавците“, вели Благоја Конески, сопственик на конфекцијата Хатра и претседател на Секцијата во Прилеп.
Како текстилно сопствено производство кое се судира со голема нелојална конкуренција на пазарот, со доста евтин увоз на текстил, а најмногу од Кина, нашите барања се да се врши поголема контрола на увозот на оваа стока.
Благоја Конески.

Преку Стопанската комора текстилците подолго време забележуваат и бараат од Владата, повеќе поволности, кои ќе значат стимул во работењето и проширување на оваа гранка.

„Државата односно Владата треба да предвиди, да се стимулираат работодавците постепено да го преориентираат лонот во сопствено производство, како што се стимулира земјоделството, по произведено парче брендиран сопствен производ“, смета Конески.

Текстилците бараат и стопирање на проблемот со нелојалната конкуренција која им зема големо парче од профитот.

„Како текстилно сопствено производство кое се судира со голема нелојална конкуренција на пазарот, со доста евтин увоз на текстил, а најмногу од Кина, нашите барања се да се врши поголема контрола на увозот на оваа стока. Ние како производители не се плашиме од конкуренција, особено од лојалната конкуренција, која не стимулира, но нелојалната конкуренција треба да се запре“, истакнува Конески.

Работодавците бараат да продолжи акцијата за намалување на придонесите, што значи стимулирање во сопствено производство, но со намалување на трошоците на работењето.

„Бидејќи Владата донесе еден закон за постепено намалување на придонесите, генерално по одреден процент секоја година, до 2015-та беше, меѓутоа се запре пред две години и ние бараме тоа да се продолжи според зацртаниот проект на Владата, на придонеси од 27% требаше да стигне до 19 осто“, додава Конески.

Доколку се реализираат овие барања велат од Секцијата на текстилци ќе биде гарантирана иднината на фирмите во Прилеп кои работат со сопствен капитал, во спротивно не може да се предвиди уште колку време странските партнери својот бизнис ќе го насочат во Македонија, а кога лон производството ќе го преселат во други земји. Во Прилеп во моментов функционираат 20-ина конфекции, кои ангажираат од 2.500 до 3.000 работници.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG