Достапни линкови

logo-print

Израел нападна сириски позиции по сириски напад


Израелската војска нападна сириски позиции откако претходно од сириска страна е изведен напад на израелскиот дел од Голанската висорамнина во кој загина петнаесетгодишно момче, соопшти израелската војска. Во истиот напад повредени се уште две лица. Ова е прва жртва на израелскиот дел од Голанската висорамнина од отпочнувањето на граѓанската војна во Сирија пред три години. Израелската војска рече дека не знае како е изведен нападот но дека е сигурно оти бил намерен. Нападот се случил во близина на границата со Сирија.
XS
SM
MD
LG