Достапни линкови

Путин го поддржа прекинот на огнот во Украина


Руска телевизија прикажа порака од претседателот Владимир Путин во која тој дава претпазлива поддршка на едностраниот прекин на огнот прогласен од украинскиот претседател Петро Порошенко, но додава дека кој било прекин на непријателствата е бесмислен без "дијалог".
На телевизијата „Русија 24“, Путин рече дека борбите во Украина треба да престанат.
Но Путин рече дека мирот во Украина зависи од "дијалогот меѓу сите спротивставени фракции" со цел да се најдат решенија кои се прифатливи за секого, особено за луѓето во југоисточниот дел на Украина.
Путин рече дека имало артилериски оган во текот на ноќта во Украина, иако додаде дека не е јасно кој е одговорен за тоа .
Путин овие изјави на новинарите им ги даде при положувањето венец на гробот на незнајниот војник во Кремљ.
22 јуни е-годишнината од почетокот на Втората светска војна во Советскиот Сојуз.
XS
SM
MD
LG