Достапни линкови

Кери во ненадејна посета на Египет


Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во ненадејна посета на Египет за да се сретне со новиот претседател на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси.
Посетата на Кери претставува контакт на највисоко ниво со САД со Ал-Сиси откако тој ја презеде функцијата.
Според Стејт департментот, Кери ќе разговара со Сиси за политичката ситуација во Египет и конфликтите во Ирак и Сирија.
Во меѓувреме, официјални лица од Вашингтон потврдија дека САД најавуваат помош во висина од 572,000,000 $ за Египет.
Средствата od првата транша во висина од 1,5 милијарди долари се главно воена помош која е замрзната од октомври минатата година поради загриженоста во врска со демократските реформи.
XS
SM
MD
LG