Достапни линкови

logo-print

Пакистан: девојка силувана и обесена на дрво


Пакистанската полиција соопшти дека пронашла 21-годишната девојка која била силувана и обесена на едно дрво во источната провинција Пенџаб. Полицијата соопшти дека дечкото на девојката го признал силувањето и убиството, и бил притворен. Полицијата трага по уште двајца други осомничени соучесници. Според инспекторите, жената била силувана и удавена до смрт, а потоа нејзиното тело било обесено за да изгледа како самоубиство. Инцидентот е пријавен во полиција еден ден подоцна, кога локалните жители ја виделе девојката како виси на дрво. Случајот има многу сличности со нападот во Индија минатиот месец, во кој биле пронајдени две тинејџерки силувани и обесени од страна на банда во северниот дел на државата Утар Прадеш.
XS
SM
MD
LG