Достапни линкови

Папата Франческо ја осуди италијанската мафија


Папата Фрaнческо за време на вчерашната миса го осуди организираниот криминал во јужна Италија.
Говорејќи на отворено во Сибари, во јужниот регион Калабрија, Фрaнсис рече: "Оние кои одат по патот на злото, како што е мафијата, не се во заедница со Бога. Тие се екскомуницирани." Ндрангета, како што е позната калабриската мафија, се смета за еднa од најмоќните мафијашки структури во светот, со врски разгранети до Северна Европа, Јужна Америка и САД.
За време на неговиот еднодневен престој во Калабрија, Френсис, исто така, се сретна со таткото на тригодишно момче убиени во нарко-војната во регионот.
XS
SM
MD
LG