Достапни линкови

Светско првенство: Русија со Белгија, САД против Португалија


Русија ќе се соочи со лидерот во групата Х, Белгија Во истата група, Јужна Кореа ќе се соочи со Алжир. Во групата Г, САД ќе играат со Португалија. Босна и Херцеговина го напушти Светското првенство по поразот од Нигерија што е нејзин втор пораз во групата Ф. Нигерискиот играч Одемвинг го постигна единсвениот гол во 29-та минута. Во групата Ф, Аргентина се квалификува за следната фаза по победата над Иран од 1-0 со голот кој пред крајот на играта го постигна Лајонел Меси.
Во групата Г, Мирослав Клосе постигна значајно изедначување во играта против Гана спасувајќи ја Германија од пораз и уште еднаш потврдувајќи дека е водечки стрелец на Светскотот првенство. Сосотојбата во групата Г е следна- Германија има 4 поени, САД- 3, Гана - еден и Португалија -0.
XS
SM
MD
LG