Достапни линкови

Порошенко има „план Б“ ако не успее прекинот на огнот


Украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди дека има алтернативен план во случај проруските сепаратисти да го користат едностраниот прекин на огнот од страна на Украина за да „добијат во време“.
Порошенко, кој на 20 јуни прогласи еднонеделен прекин на огнот за време на посетата на регионот Донецк, во телевизиското обраќање синоќа рече им порача на оние , како што рече „што се надеваат дека ќе го искористат прекинот на огнот за да се регрупираат, дека „имаме план Б“.
Претходно, вчера, рускиот претседател Владимир Путин рече дека го поддржува Порошенко во врска со прекинот на огнот во југоисточниот дел на Украина, но додаде дека планот нема да биде "одржлив" без "практични активности." Путин вели во соопштението дека мировниот план на Порошенко не треба да биде "ултиматум", и ги повика сите страни да престанат борбите и да започнат преговори.
XS
SM
MD
LG