Достапни линкови

Групата на социјалистите ја поддржа кандидатурата на Јункер за претседател на ЕК


Девет шефови на влади од земјите од групата на социјалистите во Европскиот парламент ја поддржаа кандидатурата на конзервативецот Жан Клод Јункер за претседател на Европската Комисија, изјави денеска во Париз, францускиот претседател, Франсоа Оланд. Изјавата тој ја даде по состанокот во Париз на кој присуствуваа италијанскиот премиер Матео Ренци, германкиот вицеканцелар, Зигмар Габриел, премиерката на Данска Хеле Торнинг Шмит, романскиот, словачкиот и белгискиот премиер, Виктор Понта, Роберт Фиц и Елио Ди Рупо, премиерите на Чешка и на Малта, Бохуслав Соботка и Џозеф Мускат и австрискиот канцелар, Вернер Фајман. Одлуката да се подdржи Јункер, за возврат би требало да значи именување на некој од социјалдемократите за претседател на Европскиот совет, кој треба да го наследи Херман ван Ромпуј. Меѓу потенцијалните кандидати за претседател на советот се поранешниот италијански премиер Енрико Лета и францускиот премиер, Жан Марк Еро.
XS
SM
MD
LG