Достапни линкови

Нови сепаратистички напади во Украина и по прогласениот прекин на огнот


Украинската Служба за гранична полиција соопшти дека проруските сепаратисти нападнале два гранични пункта и воената база во источниот регион Доњецк.
Нападите се случија и покрај унилатералниот прекин на огнот прогласен од страна на претседателот Петро Порошенко.
Агенцијата соопшти девет граничари се повредени во еден од нападите во текот на ноќта.
Порошенко прогласи еднонеделен едностран прекин на огнот за време на посетата на регионот Донецк на 20 јуни.
Во соопштението се вели дека планот има за цел да им даде на сепаратистите време да се разоружаат, но не значи дека војниците нема да одговори на "агресија".
Порошенко исто така презентираше мировен план, кој вклучува воспоставување на 10 километри тампон зона на украинско-руската граница, и безбеден излез за странски борци.
XS
SM
MD
LG