Достапни линкови

logo-print

Истакнат белоруски активист за човекови права, пуштен на слобода



Белорускиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека истакнатиот белоруски активист за човекови права Алес Биалиатски е пуштен на слобода.
Биалиатски и се јавил на неговата сопруга Наталија Пинчук и и рекол дека е на пат кон Минск.
Биалиатски, шефот на белорускиот центар за човекови права, "Вјасна", беше осуден на четири и пол години затвор во ноември 2011 година. Тој беше осуден за даночно затајување.
Обвиненијата произлегоа од наводното користење на личните банкарски сметки во Литванија и Полска за да добие финансиска помош од меѓународни донатори за поддршка на неговите активности за човекови права во Белорусија.
Биалиатски се изјасни дека не е виновен, и неговите приврзаници изјавија дека обвиненијата против него се политички мотивирани.
Европската унија, САД и меѓународните организации за човекови права постојано бараа негово ослободување.
Амнести интернешенел го прогласи Биалиатски за затвореник на совеста.
Во 2012 и 2013 година, тој беше номиниран за Нобеловата награда за мир.
XS
SM
MD
LG