Достапни линкови

Шиитски борци демонстрираат сила во Багдад


Илјадници борци лојални на моќниот шиитски свештеник, Моктада ал-Садр парадираа низ Багдад, демонстрирајќи сила во услови на зголемени секташки тензии.
Борците маршираа низ улиците на шиитското предградие на Багдад, Садр Сити носејќи гранати и друга тешка опрема.
Демонстрацијата на сила од страна на симпатизерите на Ал Садр доаѓа во време на континуирана офанзива од страна на сунитските милитанти, кои запоседнаа делови од територијата на северен Ирак.
Според извештаите, милитантите предводени од Исламската држава Ирак и Левант на 21 јуни запоседнале граничен премин на границата меѓу Ирак и Сирија.
Наводно милитантите ја имаат целосната контрола на граничниот премин Ал-Ќаим.
XS
SM
MD
LG