Достапни линкови

logo-print

Египет: судот потврди повеќе од 180 смртни пресуди


Египетскиот суд денеска ги потврди смртните пресуди за над 180 исламисти, вклучувајќи го и лидерот на Муслиманското братство, Мухамед Бади. Не се знае точно колку пресуди се потврдени од страна на судот во Миња, но се проценува дека ги има помеѓу 182 и 197. Пресудите можат да бидат пништени низ жалбена постапка. Во Египет од април се организирани повеќе протести поради изрекување на групни смртни пресуди.
XS
SM
MD
LG