Достапни линкови

Почнува фестивалот на комедии, „ Гола Масечина“


„Хамлет во пикантен сос“ во режија на Александра Карделевска, во продукција на Театар Комедија, вечер кај Паркот на езерата во Аеродром ќе го отвори фестивалот „Гола месечина“.
Фестивалот, кој лани почна како манифестација „Аеродром се смее“, а годинава доби меѓународен карактер, го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура. Изведбите се од 21 часот на отворено, а влезот е слободен.
До крајот на месецов ќе бидат изведени уште четири домашни претстави: „Сомнително лице“ на режисерот Синиша Евтимов и МНТ, „Без паника“ во режија на Благој Мицевски и Битолски театар, „Подземна комедија“ во режија на Деан Дамјановски и театарот „Антон Панов“-Струмица, и „Солунски патрдии“ во режија на Коле Ангеловски во продукција на Драмскиот театар.
XS
SM
MD
LG