Достапни линкови

Путин нареди борбена готовност на силите во централна Русија



Претседателот Владимир Путин нареди ненадејна проверка на"целосната борбена готовност" на силите во централниот дел на Русија. Министерот за одбрана, Сергеј Шоигу изјави дека состојбата на готовност во централната воена област ќе трае до 28 јуни .Шефот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов, рече дека на еднонеделната вежба ќе учествуваат 65.000 војници. Герасимов рече дека ќе учествуваат и војници на воздухопловството, како и воени авиони и хеликоптери. Вежбата се случува откако НАТО претходно оваа недела рече дека Русија ги продолжува воените активности на границата со Украина, каде што проруските сепаратисти се борат против владините сили повеќе од два месеци.
XS
SM
MD
LG